ЕВРОПСКО ЕКОЛОШКО БИРО

Манифест за одржливо инвестирање

Европското еколошко биро од Брисел, Конфедерацијата на Европската трговска унија и Социјалната платформа на европ­ските социјални здруженија на граѓани, изготвија Манифест за одржливо инвес­тирање. Манифестот, насловен „Инвестирање во одржлива иднина“, е дел од кампањата лансирана од овие три организации кој има цел да воспостави стандарди за подобро и поодржливо инвестирање во рамките на Европската Унија, како и за инвестирањето на државите на ЕУ во светот.

Трите оргнизации ја повикуваат ЕУ на наредната средба – Пролетниот самит 2004, да донесат програма за јавно инвестирање во добра и сервиси кои ќе имаат позитивни ефекти врз социјалната сфера, вработувњето и заштитата на живоната средина.

М.И.