22-април 

Заштита на нашиот глобален дом

Овој ден, започнат како национална кампања во САД, веќе над три децении се прославува во целиот свет, како меѓународен празник на планетата на која живееме. 22 април е повод невладините организации да се обратат до владите, бизнис-секторот и другите општествени чинители, повикувајќи на соработка во напорите за заштита и унапредување на животната средина на локално и глобално ниво.
Традиционално, македонските здруженија кои работат во оваа област, организираат повеќе активности кои имаат за цел да ја зајакнат јавната свест за заштитата на животната средина, особено кај децата и младите.