Косово

Шведска четири години ќе го поддржува цивилното општество на Косово

Шведската влада, преку нејзината агенција за развојна соработка, СИДА, пред извесно време потпиша четиригодишен договор за периодот 2008-2011, со три шведски граѓански организации: Квина тил квина, Меѓународниот центар Олаф Палме и Шведскиот Хелсиншки комитет од кои се очекува на независен начин да ги идентификуваат локалните граѓански организации за соработка и управување на шведската поддршка според приоритетите на шведската политика. Овие граѓански организации се активни во Косово од 1999 година.

Вкупната сума на четиригодишната поддршка за цивилното општество на Косово изнесува околу 6 милиони евра. Шведска гледа позитивни вредности во ангажирањето на шведски граѓански организации за да ја зајакне соработката со  граѓанските организации од Косово. Шведските граѓански организации како легитимни претставници на шведскиот народ и косовските граѓански организаци, имајќи тесни односи со Косовците на ниво на заедниците, може да ги споделат реципрочно искуствата еден со друг. Трите шведски граѓански организации соработуваат со десетици косовски граѓанскии организации, а иако шведските организации  се стремат да ги подобрат човековите права, родовата еднаквост и воопшто демократските вредности, тие имаат приоритетни области:

Квина тил квина се обидува да ги зајакне жените, зголемувајќи ја нивната самодоверба, како и учеството и нивната улога во создавањето демократско општество. Приоритет на меѓународниот центар Олаф Палме е зајакнување на демократијата и учество на граѓаните во подобрувањето на локалната политичка агенда, како и зголемување на знаењата на луѓето во процесот на членство во ЕУ. Човековите и демократските права на децата и на ромската заедница, Ашкалиите и Египќаните се наоѓаат високо во нивната агенда.

Работата,  пак, на Шведскиот Хелсиншки комитет се концентрира на набљудување, застапување, зајакнување и известување, на тоа како функционира владењето на правото, правото на изразување и заштита против дискриминацијата на Косово.

Г.Ш.

извор: oneworld