календар

8 ноември: Светски ден на урбаните региони

Овој ден е посветен на животната средина создадена од човекот – урбаните региони и нивното функционирање како систем. Во повеќето развиени држави граѓанските организации, во соработка со локалните органи, преземаат акции за заштита на животната средина во градовите и во другите урбанизирани региони. 

 

9 ноември: Против фашизмот и антисемитизмот

Меѓународниот ден против фашизмот и антисемитизмот се одбележува секоја година под покровителство на демократските државни структури. Се организираат манифестации, изложби и други активности коишто потсетуваат на злото сторено од приврзаниците на овие деструктивни доктрини.   

 

14 ноември: Светски ден на науката

Денот на науката треба да н$ потсети на моќта на знаењето, на информациите, на продлабочувањето на знаењето и на истражувањето. Прогресот на секоја држава е во образованието и во развојот на научните дисциплини, кон што особено треба да се свртат оние во развој. 

 

25 ноември: Не за насилството врз жената

Меѓународниот ден против насилството врз жената го означува стартот на 6-месечната кампања чија цел е да ја зајакне свеста, но и да повика на донесување и примена на законски мерки за заштита на правата на жената. Во оваа кампања традиционално се вклучуваат здруженијата на жени од нашата држава. 

 

27 ноември: Воздржете се од купување

Овој ден има мото “Денес не купувајте ништо”. Целта на меѓународниот ден против купувачката треска е на практичен начин да манифестира дека потрошувачкото општество претставува голем ризик за животната средина и дека алтернативата на бескрајното трошење ресурси е можна.