СРБИЈА И ЦРНА ГОРА
Без права за здравствена заштита
Повеќето ромски семејства во Србија живеат во диви населби, во услови без електрична енергија, вода, греење и бања. Во 102 белградски нехигиенски населби (593 во цела Србија), живеат 60.000 Роми. Граѓанската организација Центар за правата на малцинствата побара од Владата на Србија на Ромите кои живеат во дивите населби да им овозможи да ги пријават престојувалиштата за да можат да го остварат правото на здравствена заштита.
Во најзагрозена положба се наоѓаат децата и бремените жени без пријавено место на престојување, иако според важечкиот Закон за здравствена заштита и нацртот на новиот закон, тие спаѓаат во посебна категорија жители кои го остваруваат правото на здравствена заштита и кога не се здравствено осигурани.
Г.Ш.
|