СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Канцеларија за контакт со НВО
Во Собранието на Република Македонија работи канцеларија за контакт со невладините организации, чија цел е да ги поврзе граѓанските организации со законодавните тела, да овозможи поголемо јавно учество во процесот на донесување одлуки, да ја институционализира соработката Собрание-граѓански организации и да обезбеди релевантни податоци и дијалог на таа релација.
Канцеларијата има и свои веб-страници: њњњ.канцеларија.орг.мк; њњњ.цивилоффице.орг.мк, њњњ.право.орг.мк, а граѓаните и граѓанските организации можат да контактираат на цонтацтЖканцеларија.орг.мк. На веб-страницата на канцеларијата е постојано отворен форум, преку кој граѓаните можат да даваат свои препораки и забелешки во врска со актуелните предлози на закони што треба да поминат низ собраниската процедура, да се обратат до пратениците, или да покренат свои иницијативи.
Канцеларијата располага и со правен ресурсен центар, каде што се достапни сите закони на Република Македонија во електронска форма, библиотека, како и електронска збирка на решени случаи од страна на Врховниот суд. М.И.
|