Кој во име на граѓанскиот сектор одговори во прашалникот од ЕУ

Влијанието на поактивни граѓански организации врз општествените текови во Македонија е минимално, ако се спореди со влијанието на политичките партии

 

Овие денови главната преокупација на гра­ѓа­ни­те на Македонија е дали ќе добиеме покана за влез во Европската Унија или таквата пока­на ќе се одложи за некое подобро време, како што очигледно се случи со поканата за членство во НАТО. Иако одложувањето на поканата за членство во НАТО некои го оправдуваат со фактот дека при­чина може да биде неспремноста на другите „пакет-земји”, односно Хрватска и Албанија, сепак неколкукратните пораки коишто беа испратени до Македонија ука­жуваат на нашата неспремност, односно, меѓу другото, и на ниското ниво на развојот на демократијата во Македонија. Дали за сето тоа причината треба да ја ба­ра­ме и во нискиот ментали­тет на огромен број граѓани за сфа­ќа­њето на демократијата?

Сигурно дека во прашалникот на Европската Унија едно од клучните пра­­шања било и состојбата  во гра­ѓан­скиот сектор, односно колку е тој раз­виен во Македонија, колкаво е неговото вли­јание на севкупните состојби, дали е под влијание на политиката и се подразбира, колку е тој во функци­ја на развојот на демократијата, во­оп­што.

Се поставува прашањето кој ги дал од­говорите на овие и сличните пра­ша­ња?

Ако одговорите ги дала комисија сос­тавена од Владата, тогаш веднаш се става под сомневање валидноста на таквите одговори, бидејки, колку што е познато, во целиот овој период не се состанало никакво тело од гра­ѓанскиот сектор (барем не од поголемите граѓански организации) за да ја информира Владата со состојбите во секторот.

Практикувањето на демократијата во Македонија за­поч­ну­ва од нејзиното осамостојување, односно со појавата на првиот плурализам, па затоа често пати си го поста­ву­ва­ме прашањето зошто до овој степен е развиена демок­ра­тијата во Македонија и по 15 години независност на државата?

Дали во таквиот развој (помал или поголем) повеќе при­до­неле политичките партии или разни организации од граѓанскиот сектор?

Улогата на граѓанскиот сектор во Македонија започнува да се развива кон средината на 90-тите години од мина­ти­от век, иако неговото појавување на сцената на македонската јавност за­поч­нува уште од 1991 година. Недо­вер­бата кон овој вид граѓанско невладино организирање од страна на вла­де­јачкиот естаблишмент, но и на гра­ѓа­ни­те, во помала мера трае и до де­не­шен ден, иако последните 4 до 5 години има нешто попо­зитивен тренд. За жал, граѓаните многу повеќе се врзани со политички партии и имаат поголема доверба во нив, отколку во граѓанските невладини организации. Не­ма да се погреши ако се тврди дека над 30% од вкуп­ни­от гласачки електорат во Македонија дејствува по­ли­тички фанатично. Тоа значи дека во Македонија глав­ната улога во развојот на демократијата с$ уште ја имаат политичките партии, што значи каков народ, таква власт, каква власт, таква демократија .

Денес над Македонија се родија помеѓу 5 до 10 илјади граѓански организации, но многу мал број од нив ја вршат функцијата за која и се создадени. Дали на Македонија & требаат толку многу? Одговорот е сигурно не. Но и многу голем дел од оние што вршат некоја актив­ност, не може да се пофалат со некои постигнати ре­зул­та­­ти. На прсти можат да се набројат оние кои сепак, со своите активности, оставија траги во оп­штест­во­то, од­нос­но поголема група граѓани знаат за нив, за среќа често пати се познати не само во регионот, ту­ку и по­ши­ро­ко. Но, влијанието и на овие поактивни организации врз општествените текови во Македонија е минимално, ако се спореди со влијанието на политичките партии.

Одговорот на ваквата состојба, пред с$, лежи кај лошо организираниот граѓански сектор, бидејќи многу и од по­активните граѓански организации се обоени партиски и национално, така што често знаат индиректно да под­држат извесна политичка опција или интереси ис­клу­чиво на една нација, што им оди во прилог на по­ли­тич­ките партии. На сето тоа ако се додаде дека и средствата за јавно информирање му посветуваат многу мал простор на граѓанскиот сектор, тогаш очигледно не може да се очекува подобрување на состојбата во некоја блиска иднина. Ако ништо не се измени, остануваме на милоста (немилоста) на политичките партии да ни ја подобрат демократијата, а ако и политичките партии не ни се променат, тогаш евроатлантските интеграции ќе ни бидат с$ уште далеку.     

(Авторот на текстот е почесен претседател на Хуманитарната организација Ел Хилал)
Абдурауф Пруси