ФЕДЕРАЦИЈА НА БАЛКАНСКИТЕ НВО ЗА МИР И СОРАБОТКА 

Дијалог, а не оружје

Извршниот Комитет на Федерацијата на Балканските невладини организации за мир и соработка (FE.BA.NGO), со седиште во Грција, донесе Декларација за новите кризи на Балканот. Извршниот Комитет, што го сочинуваат претставници од Албанија, Бугарија, Југославија, Македонија, Молдавија, Романија и Грција, меѓу другото, ги осудува активностите на албанските екстремисти и бара тие да го положат оружјето и да ги почитуваат меѓународните закони и Хелсиншкиот финален акт. Се бара меѓународната заедница да интервенира против активностите на екстремистите и да придонесе за воспоставување дијалог меѓу различните националности.