Кенија
Членовите на АКТ кон поголеми предизвици
Човечкото страдање е честопати видливо и очигледно како при природни катастрофи, така и при граѓански конфликти – глад, повреди и луѓе принудно истерани од своите домови поради уништување и насилство. Но, исто така, постојат и многу скриени потреби на луѓето кои се меѓу најранливите во ситуациите кои бараат итно дејствување. Таков е случајот со моменталната ситуација во Кенија – политичка криза која создаде потреба за итно хуманитарно дејствување. На едно ниво, постојат основни физички потреби кои треба да се задоволат за повеќе од 250.000 луѓе, истерани од нивните домови поради насилството што следуваше во неделите по спорните претседателски избори кон крајот на декември 2007 година. Но, на едно друго, подлабоко ниво, постојат сериозни физички и психосоцијални потреби кои бараат медицинска грижа и друг тип на одговор. За повеќе информации, прочитајте на http://www.danchurchaid.org/sider_paa_hjemmesiden/where_we_work/africa/kenya/read_more/act_members_address_deeper_challenges |
|