НАСТАНИ

ДЕЦА



СОЈУЗ НА ДЕТСКИ ОРГАНИЗАЦИИ НА МАКЕДОНИЈА 

Прв Кодекс на здруженијата за детските права

Во организација на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ, во рамките на проектот "Омасовување и зајакнување на невладиното организирање за правата на детето", финансиран од ИТЗ, беше прифатен првиот Кодекс на здруженија на граѓани кои работат во областа на правата на детето во Република Македонија.

Со потпишувањето на Кодексот, 12-те здруженија основаа Сојуз на детски организации во Република Македонија, прифаќајќи документ на принципи, вредности и начела на кои ќе се придржуваат. Со Кодекс на СДОРМ се стандардизираат нормите за заедничко и координирано дејствување за имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Република Македонија. Во СДОРМ пристапија следниве членки:  Центар за заштита и унапредување на правата на детето - Пробиштип, Шелтер Центар" „Прифатилиште за жени и деца - жртви на насилство”  Здружение на граѓани „Рубикон” - Скопје, „Амос” – Битола, Центар за деца и млади – Прилеп, Прва детска амбасада во светот „Меѓаши” – Скопје, Здрава и креативна младина, Здружение за заштита на правата на детето, Сојуз за превентива од алкохолизам, никотинизам и наркоманија на Македонија, Младински совет – Прилеп, Здружение за заштита на правата на детето „Пријатели” и Здружение на екологисти „Природа”. Кодексот во целост е пренесен на веб-страниците на „Граѓански свет”: www.graganskisvet.org.mk и www.civicworld.org.mk