УНЕСКО

Повик за апликации за Конференцијата за одржлив развој во Дубровник 2005

Спонзорирани од страна на УНЕСКО, неколку водечки универзитети организираат конференција за одржлив развој која ќе се одржи од 5 до 10 јуни 2005 во Дубровник, Хрватска. Конференцијата ќе се фокусира на усовршувањето нови методи, модели и развивање интердисциплинарен пристап кон разбирањето и практикувањето на одржливиот развој. Потенцијалните учесници треба да поднесат документи со нови резултати на ова поле во форма на извадоци/резиме најдоцна до 31 октомври 2004 г. За повеќе информации контактирајте со dubrovnik2005@fsb.hr или посетете ја страницата http://www.dubrovnik2005.fsb.hr .

Т.Х