Годишнина на РЕЦ
15 години борба за животната средина
Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа – РЕЦ прославува 15 години од своето работење. Познат е уште како “Бушов центар”, бидејќи е основан по иницијатива на тогашниот претседател на САД, Џорџ Буш Сениор, како реакција на неговата загриженост за состојбата на животната средина на државите на Централна и Источна Европа, по неговата турнеја низ овој регион. РЕЦ веќе 15 години ја спроведува еколошката филозофијата и културата на грижа кон животната средина, како и вклучувањето на граѓанските иницијативи во оваа сфера, во вкупно 16 држави од регионот во коишто има свои локални канцеларии.
По повод овој јубилеј, во Скопје, на 19 октомври 2005 година, беше одржан промотивен ден на РЕЦ. На овој датум, во Република Македонија престојуваше директорката на седиштето на РЕЦ во Будимпешта, Марта Шигети Бониферт, која на Машинскиот факултет во Скопје одржа јавно предавање на темата “Евроинтегративниот процес во областа на животната средина: нови улоги во општеството заради ефикасни резултати”. М.И.
|
|