ХДЗР “МесеЧина”

Граѓански советодавни центри

Програмата „Граѓански советодавни центри“ за подобрување на социо-еко­номската положба на марги­на­лизираните групи во Република Македонија, особено на ромската популација, како и за подобрување на информираноста и зајакнување на свеста на граѓаните за остварување на нивните права, треба да создаде објек­тивна основа за влијание врз власта; при­донес кон надминување на предрасудите и негативната стереотипизација во однос на марги­нализираните групи во Република Македонија; создавање едуциран кадар во рамките на самата ромска популација, кој ќе продуцира услови Ромите и за другите граѓани да можат да ги идентификуваат, манифес­ти­раат и да побараат заштита на своите права и др.

Програмата ја спроведува ХДЗР „Месечина“, со финансиска поддршка на МЦМС и на ФИООМ. Фокус на програмата е целата територија на Република Маке­до­нија, но главните активности и со­ветодавните центри за граѓански права ќе бидат формирани во: Скопје, Куманово, Делчево, Штип, Прилеп и централната канцеларија во Гостивар. Центрите ќе служат за собирање и дистрибуција на информации во врска со гра­ѓан­ски­те права, евидентирање случаи на нивно нарушување или прекршување, про­сле­ду­вање на доку­ментираните случаи до те­лата кои ќе се формираат во рамките на Про­гра­­мата, за понатамошна обработка и проследување до надлежните органи.                                                                                                           

 Г.Ш.