Хрватска
Следење на стратегијата за развој на граѓанското општество
Работната група за изработка на Националната стратегија за развој на граѓанското општество во Хрватска отвори интернет-страница за да ја информира јавноста за текот на изработката на нацрт-предлогот на националната стратегија за развој на граѓанското општество и форум како можност за постојани он-лајн расправи за овој документ. Страницата содржи информации за работата на работната група, а во првата фаза на форумот ќе се расправа за називот на нацрт-предлогот на стратегијата, како и за целта на донесувањето на овој национален документ.
Во втората фаза, откако стручните лица ќе ги изработат текстовите по одделни подрачја, истите ќе & бидат дадени на увид на јавноста и за расправа на форумот, за сите заинтересирани на директен начин да можат да учествуваат во креирањето на содржината на предлог-стратегијата.
|