МЦМС

Финансирање на граѓанските организации од страна на државата

Македонскиот центар за меѓународна сора­ботка де­нес ја издаде публи­ка­цијата „Фи­нан­­сирање на гра­ѓан­ските организации од страна на државата“.
Публикацијата нуди одго­вор на пра­ша­ња­та: Дали др­жавните институции, ло­калната самоуправа и стра­н­ски­те амбасади во Ре­пу­блика Македонија оства­руваат соработка и дали обезбедуваат финан­сиска поддршка за активностите на граѓанските орга­низации? Какви можности за финансиска подршка постојат и дали има јасни и тран­спарентни критериуми за распре­делба? Каква е праксата по ова прашање во земјите од регионот?.

Целта на публикацијата е зголемување на транс­парентноста на финансирањето и со тоа подо­брување на пристапот до еднакви можности и второ, зголемување на мож­ностите за мо­били­зација на поддршка дома, и со тоа нама­лување на зависноста од меѓународните извори на финансирање.