МУЛТУКУЛТУРА – Тетово

Мултидеа

Здружението „Мултикултура” од Тетово почна да го издава списанието „Мултидеа”, наменето за младите.
Списанието нуди повеќе текстови кои третираат теми и проблеми поврзани со младите. Покрај тоа, се нудат и информации од областа на животната средина, етиката, науката, здравството, образованието и други области од универзален интерес. Списанието содржи и забавен дел.
„Мултидеа” излегува еднаш месечно.