СВЕТСКА БАНКА

Гана, шри Ланка и Азербејџан донесоа стратегии за сиромаштијата

Неодамна Гана, Шри Ланка и Азербејџан донесоа национални стратегии за нама­лување на сиромаштијата. Со тоа, досега 28 држави донесоа вакви документи. Доне­сувањето на националните стратегии е обврска за сите презадолжени сиромашни држави опфатени со Иницијативата за намалување на задолженоста, која Свет­ската банка ја спроведува со Меѓу­народната асоци­јација за развој - ИДА.

Овие стратегии ги изготвуваат граѓаните, со широко учество на сите делови на оп­штеството, а имаат за цел да обезбедат фондови за странска помош за намалување на долгот и да претставуваат рамка за координација на помошта која доаѓа од надворешните партнери за намалување на сиромаштијата.

М.И.