НОВА ИНИЦИЈАТИВА

Балканска доверба

Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), германскиот Маршалов фонд на Соединетите Држави (ГМФ) и Фондацијата Чарлс Стјуарт Мот објавувија нова ини­цијатива вредна 25 милиони долари за поддршка на доброто владеење во Југо­источна Европа. Балканска доверба, со седиште во Белград, ќе започне со делување ова летото и ќе работи во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора и во Ро­манија.

Околу 2 милиони долари годишно во гран­тови ќе им бидат доделени на граѓански организации, домашни невладини орга­низации, локални и регионални влади, образовни институции и медиуми за под­дршка на локални иницијативи кои ја подобруваат врската меѓу граѓаните и нивните влади. Грантови, исто така, ќе бидат наменети за меѓугранична соработка со цел да се подобри развојот на политичкото и граѓанското општество во поширокиот регион, што е неопходно за долгорочна ста­билност во Југоисточна Европа. Повеќе информации: њњњ.усаид.гов

(Луке Захнер, ЛзахнерЖусаид.гов) или на  њњњ.гмфус.орг (Абигаил Голден-Вазљуез аголденвазљуезЖгмфус.орг).

Г.Ш.