Промоција
Прирачник “Училиштето сигурно и безбедно место”
Градот Скопје, во партнерство со граѓанските организации „Женска акција “ и „Разбуди се”, со општините Чаир и Гази Баба, со Советот на Европа - канцеларија Скопје и со „Плимонт” од Скопје го промовира прирачникот „Училиштето сигурно и безбедно место”, што е изготвен со поддршка од УНДП. Прирачникот ги содржи пораките „Велам НЕ на оружјето во училишните клупи”, „НЕ на оружјето во училишниот двор” и „Сигурноста и безбедноста на моето училиште зависи од мене, од моите другари и од другарите на моите другари”, кои треба да ги знаат сите средношколци во процесот на задржувањето на безбедноста во училишната средина. Дел од активностите во рамките на проектот се и анонимните анкети на средношколците од училиштата од општините Чаир и Гази Баба, работилници за изведување минидрами, скечеви, Кодекс за заштита на човековите права и слободи и слично, како и медиумска кампања.
Во прирачникот се дефинирани и причините за девијантното однесување на учениците во средните училишта, начинот на подигање на свеста на средношколците за нивно активно вклучување во изнесувањето на оружјето и насилството надвор од училиштето.
С.Н.
|
|