зДРАВСТВО

РЕГИОНАЛНА КАМПАЊА ПРОТИВ СИДАТА

ВКЛУЧИ ГИ СИТЕ

 

По повод 1 декември, Светскиот ден за соочување со СИДА-та, Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А., заедно со ОЈАЗАС – “Омладина југословенске асоцијације за заштиту од СИДЕ”, СР Југославија и МПС – “Млади против СИДЕ”, Босна и Херцеговина, ја организира Регионална кампања за борба против СИДА–та, 2002 - “Вклучи ги сите”.

Името на Кампањата го асоцира востановениот негативен однос на јавноста спрема заразените со вирусот ХИВ и спрема оние социјални групи за кои постојат предрасуди дека се “предодредени да бидат носители” на вирусот ХИВ (интравенски корисници на дрога, хомосексуалци, проститутки итн.), кои, поистоветувајќи се со предрасудите, се повлекуваат од јавниот живот, можат да бидат отфрлени од семејството, од пријателите, од здравствените служби и имаат проблеми со вработувањето.
Кампањата содржи неколку пораки: секој од нас може да се зарази со ХИВ, не постојат посебни групи кои го шират вирусот; ХИВ позитивните лица, како и сите останати, имаат право да бидат лекувани, да живеат и да работат нормално; во Македонија с$ уште нема лекови со кои значително им се продолжува животот на ХИВ позитивните лица; сензационалистичкото информирање за СИДА-та создава предрасуди и н$ оддалечува од соочувањето со проблемот.
Х.Е.Р.А. наведува неколку приоритети, како: донесување национална стратегија што ќе вклучи развивање ефикасен систем за следење на инфекцијата, подостапен до маргинализираните групи; унифицирање на тестирањето и советувањето за ХИВ/СИДА, односно воспоставување анонимно и бесплатно тестирање низ целата држава континуирана едукација за ХИВ/СИДА и полово преносливите болести во редовната настава во средните училишта.
За дополнителни информации можете да се обратите до Х.Е.Р.А. - Асоцијација за здравствена едукација и истражување, на адресата бул. Димитрија Чуповски 4-1/14, 1000 Скопје, Македонија, на тел./факс 02/212-744, или на електронската пошта hera@stopaids.org.mk. Веб-страницата на Х.Е.Р.А., достапна за оваа цел, е www.stopaids.org.mk.
Д.М.


МИА


Под мотото “Ризик е тактика без кондом практика, “Македонската интеретничка асоцијација - МИА во соработка со други организации, фирми и поединци, се вклучи во аветската акција за одбележување на Меѓународниот ден за превенција од СИДАТА, што се одвива под мотото “Живеј и дозволи другите да живеат”.

МИА на 30 ноември во кафе-клубот “Јукан” организира  Аукциска модна ревија, а собраните средства и подароци беа подарени на едно лице заболено од оваа болест. Покрај тоа, беше организирана и тридневна забава во диско-клубот “Колосеум” во Скопје, а 29-31 ноември беше прогласен за “СТОП-СИДА викенд”, со апел први декември да биде дочекан како најава за безбедна 2003 година, без нови заболени од СИДА. На повеќе факултети и на улиците на поголемите градови во Македонија, МИА делеше кондоми и пропаганден материал.
М.И.