Нова можност за финансирање на граѓанските организации
Романија
Стартувајќи со 2005 година, романските граѓански организации ќе имаат можност да го користат новиот механизам за финансирање – 1% преку кој секој граѓанин ќе може да реши како ќе потроши 1% од неговиот данок на доход, со пренасочување на некоја непрофитна организација. Во овој контекст, претворањето на овој потенцијален извор на приход во реален, ќе зависи од тоа колку секоја организација е способна да ги убеди своите корисници да донираат 1% од нивниот данок на доход. Овој механизам веќе функционира во другите источноевропски земји, како на пример Унгарија, Литванија и Словачка. Во Романија беше усвоен по иницијативата на неколку пратеници од поранешното законодавство, меѓу кои и сегашната министерка за култура, Мона Муска, а го поддржаа повеќе од 200 граѓански организации. За повеќе информации посетете ги страниците www.unulasuta.ro и www.onepercent.hu.
Г.Ш. |