НОВИ ИЗДАНИЈА ЗА ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР

Две нови публикации во издание на МЦМС

Македонскиот центар за меѓународна соработка денес, во 12 часот во хотелот Холидеј ин ќе ги промовира публикациите: "Проекти на граѓанските организаци во Македонија" и "Не нанесувај штета".
МЦМС прв пат ја издава публикацијата Проектите на граѓанските организации во Македонија која содржи информации за 521 проекти што ги спровеле граѓанските организации во периодот 2000/2001 година. Таа нуди одговор на прашањето: "Што прават граѓанските организации?"
што го поставува јавноста, актерите на граѓанското општество или партнерите од владиниот или приватниот сектор. Информациите што ги содржи оваа публикација можат да помогнат во разбирањето и оформувањето оценка на целината и/или пак да помогнат во градењето "слика" за конкретни граѓански организации и нивните активности.

Публикацијата "Не нанесувај штета" со поднаслов 'како помошта може да го поддржи мирот или војната' содржи искуства на многу обезбедувачи на помош во воено погодените општества, за да покаже дека меѓународната помош, дури и кога е ефективна во спасувањето на животи, во олеснувањето на страдањето и во унапредувањето на постојниот развој, многу често ги зајакнува разединувањата меѓу групите во расправата. Според авторот, книгата ги изразува внатрешните погледи присобрани од искуствата на многу луѓе во обезбедување и примање помош во конфликтните подрачја, внатрешни согледувања собрани преку Проектот за локалните капацитети за мир. Некои од читателите книгата ја оценуваат како "предизвикувачки алат за сите имплементирачки агенции во конфликтни ситуации или конфликтно наклонети општества".

Г.Јаковлеска