НАСТАНИ

ЗДРАВСТВО  

„СПАС” – КРУШЕВО 

Превенција и едукација за малигните  заболувања

Химанитарното друштво  за помош на болните од малигни заболувања „Спас” од Крушево, организираше предавање на тема „Заболување на желудниот и дебелото црево од рак, превенција и едукација”. Предавањето го одржа д-р Звонко Николоски – хирург во Клиничкиот центар во Скопје, специјалист од оваа област.
Предавањето што се одржа во Здравствениот дом на Крушево, предизвика големо интересирање, а друштвото „Спас” планира слични предавања од областа на превенцијата и едукацијата од малигните болести да организира во Крушево и пошироката територија на општината, како и во соседните општини Прилеп и Демир Хисар.

М.И.