ЦЕНТАР СИМОН ВИЗЕНТАЛ
Да не се рехабилитираат нацистите
Центарот Симон Визентал со седиште во Виена предупредува на растечкиот антисемитизам и на другите видови нацизам во Европа. Центарот, именуван по познатиот борец за правата на жртвите на холокаустот, чии последици најдиректно ги почувствувал и самиот, апелира Европа да не дозволи на нејзините простори повторно да се појави ова зло.
Центарот, исто така, прави конкретни чекори за спречување на рехабилитација на нацистите од Втората светска војна. Неодамна, остро ја критикуваше владата на Романија, барајќи Врховниот суд на оваа држава да ја повлече одлуката за рехабилитација на нацистите и криминалците од Втората светска војна, Раду Динулеску и Георге Петреску. Центарот смета дека одлука за ваква рехабилитација може да донесе само Европскиот суд за човекови права.
М.И.
|