Британски совет
Седум децении проширување на хоризонтите
Британскиот совет прославува седум децении од своето основање. Оваа организација е основана со цел да врши културна размена помеѓу Обединетото Кралство и Шкотска и останатите земји во светот. Во моментов, Британскиот совет има свои седишта во 110 држави, меѓу кои и во Република Македонија. Во доменот на своите активности, оваа организација ги поврзува државите во областите на културата, образованието и науката.
Британскиот Совет е основан на 5 ноември 1934 година, како Британски совет за односи со други држави. Тоа беше дел од напорите да се спречи напливот на фашизмот во тој период во Европа. Во овие 7 децении, Британскиот совет остана независен од владата и прерасна во меѓународна организација за ширење на образованието и на културните релации.
Британскиот совет е регистриран како непрофитна, “цхаритѕ” организација и работи како јавно тело (нон-департаментал публиц бодѕ). Овој вид организации во Британија се независни од владата, но под одредана надлежност на министрите.
Британскиот совет во својата работа се раководи од идејата на интернационализмот, а го придвижуваат силната посветеност, ентузијазмот и креативноста. Поради тоа, и мотото на Британскиот совет е “Отворање на вратите – ширење на хоризонтите”.
М.Иванова
|
|