Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите “Месец”

Преку стручна обука, до вештини за работа

Хуманитарното и добротворно здружение на Ромите “Месец” од с. Криволак, Неготино, од септември до ноември 2005 година го спроведе проектот “Со стручна обука, до вештини за работа”, кој имаше за цел поголема интеграција на ромската популација во општината Неготино.

Во рамките на проектот беа опфатени две обуки. Едната се однесуваше за угостителска дејност, каде беа вклучени осум кандидати и основи на компјутерско работење, со  седум кандидати. Повеќето од учесниците на обуките беа Роми, но имаше и Македонци и Срби. По обуката, која за прв пат во ваков вид се спроведуваше во Неготино, учесниците се здобија со сертификати. Проектот е финансиран од страна на Фондацијата Институт