ЗЕЛС обуЧува 124 опШтини за работа со проектен циклус
Работа на административно јакнење
„Ова е една од серијата од 10 обуки за работа со проектен циклус (РПЦ) што треба да се одржат во наредниве месеци. До одлуката да организираме ваков тип обуки за потребите на администрацијата во локалната самоуправа, односно по двајца од секоја општина, не дојдовме случајно. Во спроведените анкети меѓу вработените во општините скоро насекаде ни одговорија дека вакви обуки требало да се организираат од многу порано, од пред 7-8 години“, изјави Душица Перишиќ, извршна директорка на Заедницата на локалната самоуправа на РМ (ЗЕЛС), на обуката одржана во февруари во Скопје, а која учествуваа претставници на 12 општини од РМ.
Проектот се реализира со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка СДЦ (Сњисс Агенцѕ фор Девелопмент анд Цооператион – СДЦ). Десетте обуки се подделени во десет центри, со што се покриваат сите општини во државата, а се опфатени околу 250 административни општински работници. Обуката ја спроведува МЦМС, а при нејзиното спроведување во Скопје учествуваа Валентина Чичева и Миодраг Колиќ од МЦМС.
Силвана Толеска, учесничка на обуката и раководителка на стручната служба на општина Македонски Брод, смета дека обуката овозможува теоретско совладување на делот за РПЦ. “Мојата општина е доста активна во изработката на проекти, но ние досега се учевме како да ги изработуваме единствено практично работејќи на нив”.
Д.М.
|