ОЦЕНКА НА ЕКСПЕРТИ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА

Верските заедници во Бугарија обесправени

Експерти на Европската комисија изнесоа критики на бугарскиот Закон за верските заедници во Бугарија, таканаречениот Акт за конфесиите. Во оценката на европските експерти се вели дека овој закон “го минира верскиот плурализам во Бугарија”.

Се проценува дека, според законот, бугар­ската ортодоксна црква има привилегии над останатите заедници. Исто така, овој закон овозможува бугарскиот Директорат за верски заедници да влијае врз судската регистрација на верските заедници, како и да ги казнува верските лидери. Претставник на Советот на Европа изврши тридневна посета на Бугарија во мисија која имаше за цел да ги согледа фактите и да подготви извештај во врска со овој закон.

М.И.