ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ
Гласот на душата
Организацијата на жените на град Скопје ја издаде книгата "Гласот на душата", која е всушност сведоштво на работата на СОС-телефонот за жени и деца жртви на насилство. Во книгата, која е издадена со финансиска поддршка на МЦМС, се претставени информации за насилството како појава, и конкретно за неговата појава во земјите во транзиција, искуствата од работата на СОС-телефонот во Македонија но и на СОС-телефоните во други држави.
Во книгата е публикуван и Водич наменет на злоупотребените жени. Книгата е испечатена на македонски и на англиски јазик.
|