СВЕТСКИТЕ ЗДРУЖЕНИЈА НА ВЕСНИЦИ И НА УРЕДНИЦИ

Поголема прес-слобода на Интернет

Во подготовка на Светскиот самит на инфор­мативното општество, бордовите на Светската асоцијација на весници и на Светскиот форум на уредници побараа да се овозможат услови за поголема прес-слобода на Ин­тернет во сите делови на светот.

Овие две здруженија сметаат дека во многу држави не е овозможен слободен проток на информации преку Интернет.

На неодамна одржаниот Светски конгрес на весници во Даблин, Ирска, уредниците и издавачите донесоа резолуција, која ќе биде испратена до Светскиот самит за инфор­мативното општество, и која содржи барања тој да  донесе јасни заложби против ре­пресивните мерки кои некои држави во светот ги спроведуваат против ширењето на информациите преку електронскиот медиум.

Инаку, Светскиот самит за информативно општество е организиран од ООН. Тој ќе се одржи во декември годинава, во Женева, Швајцарија, а негова цел е да се оформи политика за ширењето на информативните технологии и да се премостат разликите кои во таа област постојат помеѓу богатите и сиромашните држави.

М.И.