Соработка

Потпишан Меморандум помеѓу УСАИД и Министерството за образование

На 18ти април, во ОУ Владо Тасевски во Скопје, Проектот за основно образование на УСАИД и Министерството за образование и наука потпишаа Меморандум за соработка.

Меморандумот го потпишаа: Патриша Рајдер, директорка на мисијата на УСАИД, Сулејман Рушити, Министер за образование и наука, Весна Хорватовиќ, директорка на Бирото за развој на образованието, и Кит Прентон, директор на УСАИД Проектот за основно образование.

Активностите на проектот се структурирани во четири компоненти: реновирање и подобрување на основните училишта; унапредување на примената на информациско-комуникациските технологии во образованието; подобрување на наставата по математика и природните науки и подобрување на оценувањето на учениците. Проектот ќе трае пет години.

Г.Ј.