ЕКО.НЕТ
Интернет скрипта
Мрежата Еко.Нет издаде интернет-скрипта, чија цел е да ја олесни употребата на интернетот како алатка и да ги едуцира здруженијата на граѓани како можат полесно да го користат. Даден е опис на интернет-мрежата, како таа може да се користи, како да се отвори и да се користи електронска пошта, и други корисни упатства. Скриптата може да се најде на порталот Еко.Нет: њњњ.еко.нет.мк, во линкот виртуелна библиотека.
|
МОФ
Студентски правобранител
Младинскиот образовен форум – МОФ, ја изготвува веб-страницата њњњ.студентскиправобранител.орг.мк, чија цел е да обезбедува заштита на правата на студентите. Проектот, финансиран од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, Институтот за трајни заедници и УСАИД, има цел и да ја промовира институцијата Правобранител во заштитата на студентските права.
|
“Еко Осогово” – Пробиштип
Нормирање на работните процеси со земјоделска механизација на различни земјоделски култури
Прирачникот “Нормирање на работните процеси со земјоделска механизација на различни земјоделски култури” го издаде Регионалниот сојуз на здруженијата на земјоделските производители “Еко Осогово”, со финансиска поддршка на Македонска развојна фондација за претпријатија (МРФП). Овој прирачник се однесува на земјоделските производители и земјоделските здруженија, организирани во различни облици, коишто користат земјоделска механизација по основ на сопствено купување или користење услуги. Изработката на калкулативните трошоци претставува основа за да се заврши нормирањето на работните трошоци. Во прирачникот може да најдете информации за изработката на реални калкулативни пресметки и нормативи, за трошоците за отплата на механизацијата, временската амортизација, каматите и др.
|
|