Црвениот крст на општина Чаир во посета на Танушевци
Помошта пристигна заедно со пролетта
На 40 километри одда­ле­ченост од Скопје, на границата со Ко­со­во и надморска ви­­со­­чина од 1.600 метри се наоѓа селото Танушевци. Тоа сега брои триесет семејства. Петнаесетина сe уште не се вратени во своите родни ог­ниш­­та, откако се иселиле на Ко­сово по случувањата од вое­ни­от конфликт во 2001 година во Македонија. Во дале­ч­на­та 1984 година за прв пат е доне­сена струја во селото, а патот е направен година пред тоа. И сега кога има големи не­времиња селото останува без струја. Веднаш до Тану­шев­ци се селата Брест и Ма­ли­но. Во сите три села живее албанско население.
Конфликти во организацијата и нивно надминување (1)
Методи за разрешување на конфликтите

Конфликтите се неминовност во ра­бо­те­њето на една организација исто како што се нераскинлив дел од животот. Постојат повеќе де­финиции за конфликт во за­ви­сност од тоа дали кон­флик­тот го разгледуваме од аспект на однесување на учесниците во кон­флик­тот, изворите на кон­флик­тот, ставовите и чувс­тва­та што се јавуваат. Сепак, она што ги обединува е фактот де­ка конфликтот има три ос­но­вни компоненти:

-  ст