РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА
Заштита на Охритското Езеро
Во организација на македонската канцеларија на Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа, на 10 мај во Охрид се одржа завршната манифестација на Проектот за заштита на Охридското Езеро.
Овој проект се спроведува од 1999 година, во соработка на владите на Македонија и на Албанија, а е финансиски поддржан од Светската Банка, преку ГЕФ – Глобалниот фонд за животна средина.
На манифестацијата зборуваше министерот за животна среина и просторно планирање, г. Владимир Џабирски, г-ѓа Кетерина Стојковска, раководител на канцеларијата на РЕЦ за Македонија, директорот на единицата за спроведување на проектот, г. Дејан Пановски, г-ѓа Анита Коџоман, г. Трајче Наумовски, г. Оливер Аврамовски и г. Игор Славковски, координатори на компонентите на проектот.
Во рамките на манифестацијата, беа претставени брошурата на проектот и адресарот на невладини организации од охридско-струшкиот регион кои работат во областа на животната средина. Беше организиран и саем на невладини организации од регионот, а беа посетени и изворите кај селото Вевчани, кои се заштитени како природна реткост.
Во Вевчани, на гостите им беа претставени традиционалните обичаи од овој крај.
М. И
|