календар

8 март: Светски ден на жената

Светскиот ден на жената е посветен на борбата за еманципација и рам­но­прав­ност на жената во светот. Иако некаде оваа борба е извојувана, во многу де­ло­ви на светот таа с$ уште се води. Овој ден е уште еден начин на од­бе­ле­жу­вање на важноста на жената во општеството и повик за еднаков трет­ман на половите.

 

21 март: Денови на пролетта, денови на екологијата

Денот на кој календарски почнува про­ле­тта е прогласен и за ден на кој поч­ну­ва кампањата за заштита на животната средина и промоција на еколошкиот на­чин на размислување во нашата др­жа­­ва. Иницијативата пред неколку го­ди­ни ја започна весникот „Нова Ма­ке­до­нија”, а денес е прифатена како ши­рока акција на граѓанскиот сектор, учи­лиштата и другите делови на општеството.

 

22 март: Светски ден на водата

На овој ден се потсетуваме на ресурсот кој значи живот, а кој с$ помалку го има. Водата исчезнува како природен ресурс во многу делови на светот, поради глобалното затоплување, про­ши­рувањето на пустините и други при­чини. Или, пак, се загадува и станува не­подобна за пиење и други потреби. Овој ден е ден за акција за заштита на на еколошкиот систем кој е еден од нај­важните на нашата планета.

 

1-2 април: Саем на живото наследство

Во организација на Фондацијата Инсти­тут отворено општество – Македонија и Центарот за современа уметност од Скопје, на 1 и 2 април ќе се одржи Саем на живото наследство, во прос­то­риите на Домот на АРМ во Скопје. Околу 30 проекти од програмата “Живо наследство” ќе го прикажат при­ро­дното и културното наследство на исто толкав број локални заедници низ Македонија.

Деминирањето во Босна и Херцеговина (1)
Не заборавајте на мините
БиХ е земја со најголем проблем на минска загаденост во регионот на Југоисточна Европа. Проценето е дека на околу 10.000 локации се наоѓаат околу 670.000 мини и 650.000 неексплодирани боеви средства. Сомнителната површина е процената на повеќе од 2.000 км2, што е повеќе од 4 % од вкупната територија