Зајакнување на локалните културни институции
“Менаџмент во културата”
Центарот за изведувачки уметности „МУЛТИМЕДИА”, од 24 до 26 јануари во хотелот Сириус во Струмица, ја одржа работилницата Менаџмент на културата, во рамките на програмата Зајакнување на локалните културни институци наменета на директорите и вработените во локалните културни институции, како и претставници од локалните ГО. Работилницата ја водеше проф. д-р Милена Драгишевиќ-Шешиќ, долгогодишен експерт во полето на едукацијата, управувањето и менаџмент на културни институции.
Целосната програма на работилницата опфати теми коишто беа обработени низ групна работа на конкретни примери, и тоа: културен менаџмент, културни институции и локална културна политика, организациско структурирање и кадровски менаџмент, стратешки проблеми при менаџирање на културните институции, кои ги водат учесниците кон подготовка на новиот модел за организациска програмска структура на нивната организација и позиционирање на истата во локалната културна средина.
Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија, од Европската културна фондација и делумно од грантот на Американската амбасада.
|
|