Друштво за култура, уметност и образование “КЦПРЬ” (Мост)

Поддршка и грижа за студентите Турци во Македонија

Друштвото за култура, уметност и образование  “ КЦПРЬ”  (Мост) официјално е формирано во март 2003 година. Првите чекори кон создавањето на друштвото датираат од поодамна и се врзани со група студенти при Катедрата за тур­ски јазик и книжевност во Скопје. Тие, покрај подготвува­ње­то културно-уметнички програми, го покренаа и истоименото списание во 2002 година, кое до денес излегло седум пати. Друштвото Мост има реализирано голем број конференции, семинари и средби на кои се говорело за турската култура и уметност во Македонија, како и за образованието на мла­ди­те Турци во нашата земја. Минатиот месец во Скопје све­чено беше отворена и канцеларија на друштвото, во рамките на која ќе функционира и првата приватна библиотека на турски јазик во Македонија “Шаир Ашик Челеби”. “Целта на формирањето на друштвото е давање поддршка на студентите од турската заедница и грижа за студентите-Турци од другите  места во земјата кои студираат во Скопје. Преку библиотеката на студентите ќе им се овозможи да дојдат до соодветни книги, списанија и весници, а планираме и претворање на библиотеката во вистински културен центар во иднина. Цел на друштвото е и ус­пеш­но продолжување на периодичното списание Мост. 

Друштвото во иднина планира да организира и јазични курсеви, научни собири, трибини, различни културни програми итн. Исто така, во план ни е и работа на различни проекти од мултиетнички карактер со други ГО во државата, како и со меѓународни организации. Мост е член и на МАТУСИТЕБ - Сојузот на турските гра­ѓански организации во Македонија.            

С.Н.