Форум на ГПМ
Бадинтерово мнозинство - примена на локално и централно ниво
Тематскиот форум на Граѓанската платформа на Македонија (ГПМ), со тема „Бадинтерово мнозинство - примена на локално и централно ниво”, се одржа на 5 април 2007 година во Клубот на пратениците во Скопје. Организатор беше Асоцијацијата за демократски иницијативи од Гостивар, а темата предизвика интерес кај претставниците од граѓанските организации, но и од медиумите.
На Форумот присуствуваше Бесим Догани, потпретседател на Собранието на РМ, кој во своето излагање укажа на податокот дека досега во Собранието се донесени 40 закони со Бадинтеровото мнозинство, но сепак с$ уште има ситуации на дневно-политички манипулации со двојното мнозинство. Проф. Елена Андреевска нагласи дека нема прецизни стандарди на кој начин би се спроведувало двојното мнозинство и дека секоја држава треба да го имплементира. Секоја држава треба да обезбеди неопходни услови за ефективно учество на заедниците кои припаѓаат на националните малцинства во однос на прифаќањето на прашањата кои се однесуваат на нивниот културен, социјален и економски живот.
Врз основа на впечатоците како се спроведува двојното мнозинство на локално ниво, Сашо Клековски, извршен директор на МЦМС, проблемите со примената на Бадинтеровиот принцип ги подели во три групи: неусогласеност на целиот концепт на национално и на локално ниво, проблем лоциран во образованието; отсуството на капацитети на локално ниво, во општини каде најголем дел од советниците и општинските власти не знаат за што точно треба да одлучуваат и како треба да се одлучува и проблеми на помалубројните малцинства кои најчесто немаат советници во системот на одлучувањето и зависат од добрата волја на поголемите етнички заедници.
Општи заклучоци од тематскиот форум се дека Бадинтеровиот принцип с$ помалку ќе се употребува на национално ниво, а с$ почесто на локално ниво, дека досега премногу внимание се посветуваше на формата, а се избегнуваше суштината и дека таквата состојба треба да се надмине со зајакнување на капацитетите на Министерството за локална самоуправа кое треба да биде во состојба да помогне, а не само да ги надгледува процесите на локално ниво.
Т.Д.
|