Јубилеи
ЗНМ прослави 62, а ОГАЕ 5 години
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) на 17 февруари 2008 година одбележа 62 години од своето основање и активно работење. По тој повод на 20 февруари се одржа Свечено годишно собрание, Конференција на тема „Новинарите против корупцијата” и доделување на наградата за истражувачка новинарска сторија. Таа претставуваше завршна фаза од проектот „Новинарите против корупцијата” што ЗНМ го спроведува со финансиска поддршка од ИТЗ од САД. На конференција присуствуваа новинари од Скопје и од шесте регионални центри на ЗНМ во Тетово, во Битола, во Охрид, во Струмица, во Куманово и во Штип. Новинарите донесоа „Декларација против корупцијата”, што претставува прилог кон Кодексот на новинарите на Македонија. Доделувањето на наградата за истражувачка новинарска сторија е традиционална манифестација, поддржана од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија. Годинава, лауреат на ЗНМ е Александар Писарев, за својата сторија „Мравјалници покрај граници”, објавена во „Форум плус” на 20 и 27 јули 2008 година. На 21 февруари ЗНМ го посети претседателот на државата, Бранко Црвенковски кој со новинарите разговараше за актуелните проблеми на еснафот.
Во февруари свој јубилеј имаше уште едно здружение на граѓани – Клубот ОГАЕ Македонија. Ова здружение претставува клуб на евровизиски фанови, формиран пред 5 години заради поддршка на македонските претставници на евровизиските натпреварувања. Четири години по ред ја организира Евровизиската вечер, која се одржува пред националниот избор.
М.И
|
|