Животна средина: ПРАВЕН ЦЕНТАР ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Посета на здруженијата на терен

Правниот центар за животна средина, кој работи во рамките на Новинарско-правниот енвиро центар ЕРИНА од Скопје, во изминативе неколку месеци организираше посети на терен, чија цел е да стапи во поблизок контакт со граѓаните и со невладините организации, да идентификува проблеми од областа на животната средина и да даде совети, упатства и правна помош за нивно решавање.

Правниците од овој центар посетите на терен ги вршат во рамките на проектот поддржан од Регионалниот центар за животна средина за централна и источна Европа од Унгарија и организацијата Милиеуконтакт Оост Еуропа од Холандија. Досега, се остварија средби со повеќе здруженија и граѓани од Струга, Битола, Велес и Крива Паланка, а во текот на овој месец ќе се организира средба во Скопје.

М.И.