Подготовки за следниот Форум на граѓанското општество
Шестиот НВО Саем ќе се одржи во 2007 година
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Комитетот на Граѓанската платформа на Македонија информираат дека следниот 6 НВО Саем – Форум на граѓанското општество ќе се одржи во текот на 2007 г.
„По 5-годишно редовно одржување, земајќи ги предвид наодите и препораките од оценката на 5 НВО Саем – Форум на граѓанското општество и низата консултативни состаноци направена е проценка дека има потреба од промена на концептот на настанот и потреба од нов пристап кон финансирањето заради промените во контекстот. За таа цел, МЦМС заедно со заинтересираните членки на Граѓанската платформа на Македонија и други заинтересирани актери, до крајот на 2006 ќе работи на промена на концептот на НВО Саемот и на дизајнирање одржлива стратегија за негово финансирање.
До одржувањето на следниот 6 НВО Саем - Форум на граѓанското општество во Македонија, преку Програмата на Граѓанската платформа на Македонија, ќе бидат обезбедени можности за претставување на граѓанските организации на јавноста и можности за форумска расправа низ други форми: публикации, регионални саеми, работилници, тематски форуми, обуки и други средби” - стои во обраќањето до јавноста.
Г.Ш.
|
|