луѓе: Башким Мислими

ТОЛЕРАНЦИЈАТА Е НАЈГОЛЕМ ПОДАРОК НА УМОТ

Професионално искуство
Професор по физика, моментално работам во ОУ “Наим Фрашери” Делогожда

Ангажирање во граѓанскиот сектор
Во граѓанскиот сектор се вклучив во 1999 година со иницијатива на група инте­ле­кту­ал­ци од различни национал­нос­ти ја фор­ми­равме граѓан­ска­та организација Здру­же­ние за демократска култура - Толеранца со седиште во Струга. Бев избран за нејзин претседател и ден-денеска ја водам оваа организација која се ангажира за почи­ту­ва­ње на човековите права, развој на демократските процеси, меѓуетничка толеранција и блиска соработка на граѓаните со локал­ната и централната власт. Свесен сум дека работата во овие сфери е тешка и бара флексибилност, бидејќи резултатите се слабо видливи, а напорите се големи.

Амбиции
Вработување во мојата струка како професор по физика и усо­вр­шу­вање на магистратурата,  работа во граѓанскиот сектор со можности да им помагам на граѓаните за решавање на нивните права. Исто така, амбиција ми е и отворање на еден центар за поактивно вклучување на граѓаните во одлуките на Советот на општините, особено со донесување на новиот закон за децентрализацијата, кога оштината ќе има повеќе ингеренции.

Хоби и интереси
Собирање книги како колекција и нивно читање во слободно време. Малку спорт, средување на мојот двор и прошетки и па­тувања во места со различни култури.

Во слободното време чита
Иако немам многу слободно време бидејќи сум посветен на разни активности и средби за напредување на нашата граѓанска организација, читам различни енциклопедии и новини во мојата професија, особено поврзани за науката и астрономијата.

За време на викенди
Доколку немам обрски, времето го поминувам во друштво со сопругата и моите најсакани деца, единаестгодишната Фатјона и деветгодишниот Дрилон. Пијам кафе со друштво и шетам во моето родно место, уживајќи во убавината на Охридското Езеро.

Најтешка одлука
Најтешки одлуки донесувам за некого во кого сум вложил, а тој не ми вратил со почит во мојата професионална работа и во гра­ѓан­скиот сектор. Тешко ми е и кога треба да ставам лоши оценки кога учениците не знаат.

Кој национален (локален) проблем го смета за особено важен
Лесно прашање, тежок одговор, но бидејќи ги има премногу на врвот, ќе ги ставам економските проблеми, невработеноста и сиромаштијата.

Кој глобален проблем го смета за особено важен и зошто
Развојот на демократските процеси.

Што би променил во Македонија и во светот
Граѓаните повеќе да веруваат во граѓанското општество како битен фактор за развој на демократијата. Толеранцијата е најго­лем подарок на умот.

Совет (порака)
Не ставајте му препрека на кој било граѓанин кој е способен да стори нешто, почитувајте ја професионалната спремност да не водат во Европа, за да не бидеме изолирани барајќи визи пред амбасадите.