ЕВРОПСКАТА АГЕНЦИЈА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА
Пет проекти за меѓуетничко помирување
“Искрено се надевам дека овие проекти, на нивен оригинален начин, ќе придонесат за реализирање на визијата за Европска Македонија кој сите ние сакаме да ја видиме”, рече Радмила Шекеринска, заменик на премиерот на Владата на РМ на промоцијата на петте проекти за меѓуетничко помирување што се одржа на 27 март 2003 година во седиштето на Европската агенција за реконструкција (ЕАР). Сите пет проекти беа пријавени на повикот на ЕАР од ноември 2002 година за проекти кои ќе ги третираат меѓуетничките односи во Македонија. Петте проекти ќе ги спроведуваат: Потрага по заедничка основа, “Детски куклен театар”; Македонски центар за меѓународна соработка, “Страници за меѓусебно разбирање”; Европска перспектива, “Развој на заедницата преку подобрување на меѓуетничките односи”; КРИК, “Акција за граѓанство преку театарски игри”; Кере Холандија, “Триаголник – три универзитети одговараат на етничките поделби”. Според Даниел Џулијарис, Шеф на центарот на ЕАР во Скопје овие проекти се дел од напорите за поврзување на ЕУ помошта за реконструкција која следеше по конфликтот од 2001 година и промовираат долготраен развој и стабилизација на земјата.
Г.Ј.
|