РОМСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР “ДАРХИЈА”

Денови на ромската култура

Во организација на Ромскиот културен центар Дархија, од 9 до 13 мај годинава, по втор пат во Македонија се одржаа Деновите на ромската култура, поддржани од Адрија ервејз - прет­ставништво Скопје.

Манифестацијата започна со концертот на „Амала (Бриззани)“ во Скопје, етно-џез група од Словенија која негува богати ромски ритмови во кои провејува музиката на Ромите од Франција, шпанија, Турција и од балканските простори. Следуваа концерот на оркестарот и вокалната група „Дархиа Ор­ке­с­тро & Ги­лавутне“ во Дел­­чево, етно­мјузикл во Ве­лес, театар­ска­та прет­става „Мајка Хра­­б­ро­ст“ од Бр­ехт во Ку­ма­ново, како и три­би­ната „Ром­­­ски­те оби­чаи“, одр­жа­на во Ско­пје.

М.И.