Календар

3 мај: Изложба на уметници од Холандија

На 3 мај 2007 година, во 19 часот, во Чифте-амам, во Скопје, ќе биде отворена изложба на современи холандски уметници. Изложбата ја организираат Колатерал аид (Цоллатерал Аид) од Холандија и Националната галерија на Македонија со финансиска поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија. 

 
3 мај: Слобода на медиумите

Трети мај е меѓународен ден за слобода на медиумите. Медиумите во секое општество се показател на степенот на демократичноста

 
3 мај: Штедете енергија

Проблемот на прекумерно трошење на енергија е директно поврзан со глобалното затоплување, загадувањето и осиромашувањето на природните ресурси. Затоа – штедете енергија!

 
8 мај: Светски ден на Црвениот крст

Светскиот ден на Црвениот крст е ден кога се потсетуваме на мисијата на хуманост и нудење помош секому кому е потребна.

 
9 мај: Ден на Европа

На 9 мај 1950-тата, францускиот министер за надворешни работи, Роберт Шуман, повика на обединување на европското производство на јаглен и челик, што беше основата на денешната ЕУ. 

 
15 мај: Да го сочуваме климатскиот баланс

Светскиот ден за зачувување на климатскиот баланс е ден кога треба да се потсетиме дека борбата против глобалното затоплување зависи од ангажираноста на секој поединец. 

 
24 мај: Женска акција за мир

Обединети од ООН, женските организации на овој ден се вклучуваат во Женската акција за мир и разоружување. Се организираат демонстрации, протести и други манифестации од кои жените повикуваат за мир во светот.