Светска банка
 

Сиромаштијата на дневен ред

 

Светската банка ја стави борбата против сиро­маш­тијата на врвот на агендата на своите активности. Еден од најважните методи за таа борба, во стратегијата на Светската банка, е зајакнувањето на капацитетите на сиромашните луѓе. Паралелно со вто­ри­от приоритет – подобрување на генералната клима на инвестирање во земјите во развој, зајакнувањето на сиромашните треба да придонесе кон поправедна распределба на силите во светот.

Светската банка издаде и книга во која ја претствува својата, вака конципирана стратегија и која претставува извор на информации поврзани со зајакнување на сиромашните земји и нивните човечки ресурси.      М.И.

 

Доделена Наградата за меѓународен развој - Крал Бодуен

Наградениот Усмане Си од Мали е човек со визија

Фондацијата Крал Бодуен неодамна му ја додели Наградата за меѓу­на­роден развој Крал Бодуен на Усмане Си од Мали, човек со визија, пионер на дејствата поврзани со владеењето во Африка. За добитникот, владеењето воопшто не претставува апстрактен концепт. Тој го примени на дело во Мали преку децентрализацијата на јавното вла­деење кое повторно премина во рацете на народот, на оп­шти­ни­те, на селата преку различните процеси на демократска партиципација. Како што нагласи Изборниот комитет, зборувајќи за оправданоста на нивниот избор, наградата за 2004-2005 му е доделена на Ус­мане Си поради силата на неговата визија и храброста на неговите убедувања по прашањето за владеењето во Африка. Тој успеа да создаде средина од која ќе произлезе подобра јавна администрација и зголемена стабилност - два услови кои се од суштинско значење за развојот.  Усмане Си е роден во 1949 година во Мали и е клучна фигура во процесот на децентрализација и реформи во управувањето во својата земја.  Игра и важна улога и во подрегионот на западна Африка, каде се залага реформите имплементирани на локално и на национално ниво да одат во чекор со реформите на регионално ниво. Господинот Си има диплома по економија на зе­мјоделството и замјоделски развој и докторат на тема оп­штест­ве­ни­от и економскиот развој. Пораката на Усмане Си е јасна, а негово­то длабоко убедување е дека промената е возможна во Африка, и покрај негативната слика за неа и насловите кои често пати посочуваат на т.н. афропесимизам. 

 

Извештај на Генералниот секретар на ОН

“Поголема слобода”

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Ко­фи Анан, го издаде својот извештај “Поголема слобода” каде што предлага детален договор по пра­ша­ња­та за сиромаштијата, заканите по безбедноста и злоупо­тре­бата на човековите права, додека ги преструктуира ОН преку збир препораки за дејствување од страна на лидерите на државите, на собирот со кој ќе се од­бе­ле­жи 60-годишнината на организацијата. Из­веш­та­јот се сос­тои од 4 главни дела, од кои 3 се посветени на пре­гле­дот на 3-те основни слободи истакнати во Пове­л­ба­та на ОН (слобода на желбите, слобода од страв и сло­бо­да на достоинствено живеење). Четвртиот дел се фо­кусира на самото зајакнување на ОН. Доколку се постапи според него, предлогот ќе доведе до зголемување на членството во Советот за безбедност, како и основање нов совет за човекови права, што ќе претставува најдраматична промена во функционирањето на ОН остварена одеднаш. Целосниот текст на извеш­та­јот е достапен на  www.un.org/largefreedom
 

Нова публикација на ОН

“World Youth” за 2005

Единицата за млади при Обединетите нации го издаде из­вештајот на “Њорлд Ѕоутх” за 2005 во неговата пр­вич­на, непрочистена верзија. Извештајот дава преглед на гло­балната ситуација со младите луѓе. Тој ги истакнува следните прашања: влијанието на ХИВ/СИДА на младите луѓе; активното вклучување на младите во во­о­ру­же­ните конфликти како жртви, но и како извршители на злосторства; како и зголемената важност на ре­ша­ва­ње­то на меѓугенерациските прашања во општеството кое “старее”. Во него се дадени и препораки за подобрување на постоечката ситуација со младите во целиот свет. Публикацијата содржи 35 страници и е достапна на интернет на: www.eldis.org/cf/rdr/rdr.cfm?doc=DOC17281.

Т.Х.