3 јуни

ЕРИНА - регионална средба со НВО

Правниот центар на здружението ЕРИНА организира регионални средби со граѓани и претставници на граѓанските здруженија, на кои тие Ќе можат да ги изнесат проблемите поврзани со животната средина во своите заедници и да добијат бесплатна правна помош, совети и информации како можат да ги решат проблемите со помош на правните механизми. Првата ваква средба се одржа во Охрид, а следната е закажана за 3 јуни во Крива Паланка.