Истражувачко-волонтерската асоцијација – Кратово

Развој на младинското движење во Кратово

Истражувачко-волонтерската асоцијација - Кратово (ИВА-Кратово) е младинска организација формирана во февруари 2003 год. Во Судскиот регистар во Основниот суд Кра­то­во е запишана во мај, истата година. Организацијата е фор­­мирана со цел да го развие младинското движење во Кратово и ре­гионот. Во моментов има 80 членови, од кои 20-тина се активно вклучени во работата на организацијата.

ИВА досега има реализирано повеќе проекти и активности. Еден од поважните проекти е донесувањето на регионалната младинска мул­­­тикултурна програма, т.е. формирањето регионален младински мултикултурен центар, проект кој финасиски беше поддржан од Све­тска банка - регионална канцеларија во Скопје. За овој проект во септември ќе следува промоција на книга во која се опфатени сите активности поврзани со проектот.

Пре­ку проектот “Ликовна работилница” ИВА досега има организирано пет изложби, а неа ја посетуваат 9 талентирани млади уметници, ученици во ДСУ “Митко Пенџуклиски”. Преку “Ликовната работилница” ИВА организираи 14-дневен престој за две апсоловентки од Ликовната академија од Белград, кои за тие 14 дена имаа мож­ност да творат во Кратово. Оваа лето преку ИВА на летни работни кампови ќе заминат 30 волонтери од повеќе градови од ис­точна Македонија.

Организацијата во моментов работи на развој на пет програми, и тоа: Театарска работилница ИВА-ТЕАТАР, Работилница ИВА-ЕТНО кој­ашто вклучува младински фолклорен оркестар и ансамбал, а овие две работилници ќе се реализираат во соработка со Мла­дин­ски­от културен центар од Крива Паланка и Домот на културата “Лазар Софијанов”. Програмата ИВА-КЛУБ, ИВА-АРТ, во себе вклу­чу­ва четири работилници и тоа за размени, изложби и младинска ли­ко­вна работилница. ИВА-ИНФО го вклучува билтенот што ќе излегува еднаш месечно, веб-страницата и целиот промотивен материјал за потребите на организацијата. Овие програми ќе бидат активни од ноември 2005 година. За сите оние кои се заинтересирани, во ИВА можат да набават Младинска карта ЕУРО 26.

Адресата на организацијата е: Истражувачко-волонтерска асоцијација, ул. “Гоце Делчев” бр. 20, 1360 Кратово, Македонија; тел. 031/481-161; 070/856-594; 070/471-828 или на e-mail: iva_info@yahoo.com.      Д.М.