Одбележан светскиот ден на извидниците

Извидништвото презентирано и низ фотографии

По повод Светскиот ден извидниците, 22 февруари, и роденденот на основачот на извидничкото движење, сер лорд Роберт Баден Пауел, Сојузот на извидниците на Македонија го одбележа 99-годишното постоење на извидништвото во светот, преку одржување неколку активности од 17 до 22 февруари во Скопје. Извидниците одржаа извидничка забава со концерт на бендови во коишто свират членови на извидниците, а најмладите членови на извидничките одреди од Македонија ги посетија  музеите во Скопје (Музејот на Македонија, Музејот на град Скопје, Даутпашиниот амам, црквата “Свети Спас”), а во фоајето на киното Фросина во Младинскиот културен центар беше организирана и изложба на извиднички фотографии, цртежи, ракотворби. Извидниците учествуваа и на традиционалнот ноќно искачување од плоштадот Македонија до врвот на планината Водно.

На Светскиот ден на извидниците учествуваа околу 300 извидници од Македонија, но и гости од Бугарија и од Србија и Црна Гора, кои домаќините ги сместија во своите домови.