Европски форум за Роми
Стипендии за подготовки на конференција на ЕУ
Европскиот форум за Роми и патници бара платени стажисти кои би помогнале во подготовките на Секретаријатот за пленарната сесија за 2007 година и за претстојната конференција на ЕУ што ќе се одржи од 26 до 29 ноември. Стажистите ќе треба да ги исполнат следните задачи: Помош во изготвување и испраќање на конференциските документи; помош во организацијата на патувањата и сместувањето; одговарање на писма и телефонски повици; средување и раководење со бази на податоци. Потребни лични карактеристики: Универзитетска диплома или соодветно професионално искуство во невладиниот сектор; одлично познавање англиски и/или француски јазик (говорна и пишана форма), како и на ромски јазик (задолжително). Компјутерско познавање: Добри комуникациски вештини; силна мотивираност и флексибилност. Заинтересираните кандидати треба да ги испратат своите биографии и придружно писмо во кое ќе го наведат периодот во кој се достапни за Секратаријатот на Европскиот форум за Роми и патници на следната ареса:
European Roma and Travellers Forum c/о Council of Europe Batiment G 1, quai Jacoutot Ф - 67 075 Strasbourg
Збратимени партнери
Заврши проектот за борба против дрогата во Македонија
Усвојувањето новата Национална стратегија за дрога со Стратегијата за дрога на ЕУ и подобрата координација во борбата против дрогата во Македонија беа главните резултати на 15-месечниот збратимен проект финансиран од страна на ЕУ, кој заврши со средба во Скопје. Под збратимениот проект вреден 1 милион евра и управуван од страна на ЕАР, експерти од Унгарија и од Холандија соработуваа со Министерството за здравство и со други државни тела за да ја зајакнат способноста за борба против криминалот поврзан со дрога преку усвојување и примена на законска регулатива и развој на институционална рамка за прекршоци за дрога. На локално ниво беа вклучени четири пилот-градови: Скопје, Тетово, Охрид и Струмица, каде се одржаа обуки за намалување на побарувачката на дрога и превентивни програми за локални професионалци. За повеќе информации, посетете ја хттп://њњњ.еар.еуропа.еу/публицатионс/маин/ЕАР-ПрессРелеасе-формерЅугославРепублицофМацедониа-24082007.хтм.
Повик за предлози
Ерасмус Мундус
Ерасмус Мундус (Ерасмус Мундус) е програма за соработка и мобилност во областа на високото образование. Промовирана е од страна на Европската Унија како центар на одлични резултати во учењето низ светот. Програмата поддржува европски магистерски студии со врвен квалитет и ја подобрува видливоста и привлечноста на европското високо образование во трети земји. Со цел да ги поддржи европските универзитети да бидат попристапни за светот и да се зајакне нивното присуство низ светот, магистерските студии на Ерасмус Мундус ќе имаат можност да основаат партнерства со високообразовни институции од трети земји. Партнерствата предвидуваат поголема мобилност за дипломирани студенти од ЕУ и ученици вклучени во студиите на Ерасмус Мундус. Учеството е отворено за високообразовни институции од сите земји низ светот. Повикот за предлози е отворен до 30 ноември. За повеќе информации: хттп://еацеа.ец.еуропа.еу/статиц/ен/мундус/цалл2007/индеџ.хтм
Програма
Стажирање за меѓународни човекови права
Работата и мисијата на Програмата за стажирање за меѓународни човечки права ИИХРИП (ИИХРИП) се засноваат врз верувањето дека активистите за човекови права поседуваат знаење и вештини како резултат на нивното секојдневно работење, дека се битни за успехот не само на нивната работа, туку и за работата на други активисти и организации во нивните земји, или пак во други земји и региони. Движењето за човекови права во одделни држави и региони и на меѓународен план се зајакнува преку размена на знаење, искуство и стручност. Рокот за пријавување е отворен до декември. За повеќе информации: хттп://њњњ.цивицус.орг/нењ/медиа ИнтернатионалХуманРигхтсИнтернсхипПрограмме.доц.
|
|